две-три (бр.)
До станицата под багремје се туткаа две-три жени со кошници полни кајсии за продавање.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ќе свртеше две-три крукчиња со тротинетот и ќе го оставеше на земја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе порача две-три оки вино и една табла ореви и ќе му нареди на Јошета со заби да му крши од оревите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе те поведам во светот на магијата, ќе ти раскажувам приказни за грбавиот гусар и за руската кнегиња, за љубовта на прв поглед и за љубовта на која не ѝ треба поглед, за глумицата чие име веќе го споменав во две-три мои дамнешни полупесни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
По ковчегот тупкаа ситните чекори на неколку остарени жени, неколку доодени старци и две-три недоветни деца.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не можеш две-три кози да им довериш на чување, а камоли држава!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
До овој гроб имаше уште едно гропче тврда земја, со две-три сиви плочи налегнати дамна во земјата. Низ нив се нафатиле капини и трева.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Меѓу овците се стрчаа и две-три јагниња, многу малечки и нежни.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не минаа две-три тури од играта, газдата на арабаџиите го нервираше бавната, речиси неподвижна игра на старите играчи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го откопча пагурчето од појасот, голтна две-три голтки, се исправи, пак погледна на старата, пушти долг чекор и кога се израмни со неа, врза збор: - Само кураж и макар што патот е правлив, ти сестро, оди пред себе и не гледај зад грб... Само кураж...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прво се јадеа крушите, кои во времето на берба поради задавливост не се ставаа в уста, но со стоењето од две-три недели угниваа и стануваа многу убави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од двете гнезда на балконскиот плафон наизменично паѓаа две-три мали непркнати, непролетани ластовички.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Последната мера млеко веќе не се сири, ами се тура во качето за „сирната недела“, а чорбаџиите што наполниле и две-три качиња ќе сторат севте уште на св.Јован за да се покажат и пред гостите на Свети Атанас дојде ли Петковден, тоа е меѓата до кога ќаите ќе ги пасат ругарските овци и кога ќе им ги лачат на стопаните тие што останале преку летото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бев заборавила веќе две-три години како е да си возбуден до таа мера.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)