движи несв.

движи (несв.)

Мајка ми се движеше како видра, леташе низ улицата, барајќи го бројот. Читаше на домофоните.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човек кој би ме посматрал ако се загледа поскоро би видел како стрелката на часовникот се движи. Сепак морам да одам. Не смеам да застанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Избори нови повторно се ближат сомнителни ликови на гласање се движат за поголем процент редовно се грижат па гласови мртви во кутија нижат О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го гледав како се движи, можам да речам, пргаво за своите години и за својот статус на гостин. Да се рече подостарел, е малку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но сигурно и тој беше дел од големата неподвижна протоплазма на власта која ја движеше инертната идеја на Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој се движеше низ сите тие нешта како „заспан возач”, управувајќи со природноста на месечарите кои ги користат своите нозе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше една од оние слики кои се направени така што очите те следат кога се движиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Погледот ѝ го пресече единствената голема црвена пожарникарска кола која брзо се движеше кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Војниците и кметот сѐ живо избркаа и не оставаа никој да се движи крај нивната куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во зглобовите се вгнездува вкочанетост и длетото одвај се движи во неговата рака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Всушност со несигурни чекори се движам низ просторијата во која владее насилничкото расонување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе