дебелее (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Нивната самоувереност ги чува, ги смирува,                   тие се дебелеат додека би можеле да се распаѓаат и да умираат.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако не си знаел, ќе ти кажам. Дивите свињи се дебелеат од мрша. Не си ги јадел. Утре тие ќе те лапаат.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дебелеењето ѝ започнало уште од малечка. За тоа најмногу допринела мајка ѝ, жена му на Илко, зашто ја доела прекумерно долго - цели седум години.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се прпелкаат риби, кленови и крапови, на суво, доаѓаат диви вепришта, ги лапаат и се дебелеат.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кала продолжи да се дебелее.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во дебелеењето, покрај апетитот, ѝ влијаеше и нејзината спокојност и рамнодушност за сѐ. Не се тревожеше за ништо.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Освен тоа, се дебелеам и стареам. Нерадо се шминкам...
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 36“
        
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И така пак се редеа години, а таа само се дебелееше: постојано устата ѝ мелеше.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)