девијантен (прид.)
Свилената марама ме натера да можам да се погледнам во огледало без однапред познатата аверзија, фрлајќи во дефокус секаков натпис од девијантна природа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Свесен за девијантните појави во општеството, за социјалните и политичките услови во кои живееме и работиме, Кацаров се јавува и како аналитичар на бедните состојби во нашиот културолошки простор.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Првиот е неговата оддалечена, пасивна режија, потоа, во директна смисла, честиот избор на сексуалноста како тема за неговите филмови, што може да се нарече и ладен воајеризам, бидејќи тие не се правени за да индуцираат сексуално возбудување, туку како ладни записи на разни, девијантни видови сексуалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како резултат на тоа, претходните, родово девијантни практики на хомосексуалноста наизглед станувале сè поархаични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Даниелс знае дека во неговиот случај [неговото родово девијантно пеење] добило дополнителен призвук“ поради фактот дека е геј, Томасини го лишува тој призвук од секаков возможен, ете ти, призвук.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Првите психијатриски дефиниции за девијантната сексуална ориентација, разработени во поодминатите години на деветнаесеттиот век, не биле дефиниции за хомосексуалноста, туку за превртувањето на половите улоги и за трансродовоста: „спротивното сексуално чувство“ на Карл Фридрих Ото Вестфал од 1869 и Ариготомасовата „инверзија на сексуалниот инстинкт“ од 1878 година.43
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во САД, сексуалните, емотивните и романтичните врски меѓу мажите, кои некогаш биле конвенционални, почнале да се разводнуваат долго пред крајот на деветнаесеттиот век, а средносталешките мажи почнале да го избегнуваат телесниот допир со други мажи од страв да не бидат сметани за девијантни.55
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ворхоловите јунаци, во конвенционална смисла социјално и сексуално девијантни отпадници, дури и впечатливи од пуританско гледиште, се прикажани среде сопствениот свет и среде сопствениот контекст, каде нивната девијантност изгледа сосема обична, прифатена, вообичаена, природна и лишена од каква било афектација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)