девијација (ж.)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Конечно, дигиталниот екосистем ќе покаже и поделба на видови и соработка но и некои девијации какви што се мимикријата и лажењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како театарски човек (уметнички директор и драматург во штипскиот Народен театар), тој отворено зборува за состојбите во театарот, креирајќи критериуми со кои ги проценува и оценува бројните девијации во уметничкиот живот на Македонија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сите подоцнежни злосторства против Партијата, сите измами, чинови на саботажа, ереси, девијации, произлегуваа директно од неговото учење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Малограѓани! Сељаци! Децата ви се до гуша во хероин а вие се курчите со вашиот безвезен, апсолутно непримерен морал и со вашето фолирантско „згрозување“ над „девијациите“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Полесно ни одат оние, како ги нарекувате, девијациите! Признајте!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)