дежурен (м.)
Ливајн излезе од канцеларијата на дежурниот и заврте околу зградата до дневниот престој.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Повеќе пати одев кај дежурните, сестрата и докторот, да дојдат и да видат што се случува. Како и секој ден ти донесов разни јадења, те молев да јадеш, но ти ме одби.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ги влечкаше нозете низ песокот, кон зградата каде што беше сместена канцеларијата на дежурниот, чувствувајќи како сонцето пробива низ облогата на шлемот.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Сврте по патеката од чакал што водеше до канцеларијата на дежурниот.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
- Половината е за тукашните чакали: Џемал-ага ќе земе колку ќе земе, па директорот колку што треба, па дежурниот на вратата, па стражарите што ги проверуваат донесените однадвор работи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Поручникот сака да те види,“ рече Дјуган, „затоа крени го заспаниот газ и право во канцеларијата на дежурниот.“
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон