деликатес (м.)
Незаменливото искуство од чекорењето по непознати патишта, возбудата од неодоливиот мирис и вкус на разните зачини кои со соодветно пропорционално мешање од мајсторите на кулинарството и најстраствените гурмани, стануваат деликатеси кај разни народи и култури.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тоа слатко беше вистински деликатес и не беше резервирано за „кој годе гости“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Милан ќе им донесе некој нов деликатес за да ја разбие монотонијата на кашата што ја јадеа и тогаш тие ќе скокаат, а тој ќе ги прекорува поради лакомоста и ќе се погрижи секое од нив да го добие својот дел од специјалното честење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)