делница (ж.)
Имаше делници каде се уриваа цели буки, мали дапчиња и се чистеа купишта капини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А во прашните и маларични делници, тие понекогаш престануваа да бидат луѓе, ја губеа својата душевност и бараа заборав во туѓите мали несреќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
2. Забрането веслање на суво Забрането суво во суводолица Забранет страв во пукотница Забранет пејзаж во поезија Забрането копање компири Забранет сомнеж во надежта Забранет вител во глуждот Забранет глужд во кабелот Забрането подгазување на газдарицата Забранет пикасо во кукуречани Забрането кукурикање во песочани Забранет одговор во дворот Забрането сонување на јавето Забрането јаве во несоница Забранета жед во жена Забранет страв во темница Забрането двоумење на делница Забранет црв во небесен корен Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во рацете имаше некаква мајсторија и со колата управуваше безбедно, иако честопати, минувајќи опасни делници, ни се земаше здивот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Првите денови на мај, ние бевме веќе на крајот од таа делница и се појавивме на една чистина од која, другата машина веќе имаше почнато да копа лево надолу по еден каменен мев кој, велам, освен што беше каменлив, беше чист.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На 8 март 1994 г. Антон Литвин на една делница на Тверскиот булевар, заедничка со Пушкиновиот плоштад, на едно стебло од дрворедот закачи 36 брусхалтери. Само тоа.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Немој некој да помисли дека се решиле да стапат во брак за време на некаква работна акција од типот на изградба на делницата Владичин Хан-Врање!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)