демантира (св. и несв.)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На овие гласови никој не им веруваше, но сѐ додека не се појави Чанга со козите, не може да се демантираат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Револтирани од тоа, тие решиле да ја дадат на Судот споменатата изјава што требала не само да го демантира тврдењето за предавство на гемиџиите, туку и да го понижи и деградира Гарванова како револуционер.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, од секаде доаѓале вести што ги демантирале турските изјави за мир.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)