динамит м.
динамитен прид.

динамит (м.)

Тежината на динамитот во тенеќиите морала да одговара приближно на тежината на шарлаганот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве ти ја кутијава со динамит... Обиди се дали би можел да го погодиш возов... Само внимавај, откако ќе заминеме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гемиџиите располагале со околу 280 килограми динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одржувањето на бакалницата, копањето на каналот и снабдувањето со динамит биле ризични работи што барале луѓе, пари и време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Динамитот го фрлиле во морето а Гркот избегал во Атина.“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ајде да се качиме горе, утре е пазарен ден, движење, врева, бркотници и со динамит да пробиваме никој нема да нѐ чуе. Целиот ден ќе го употребиме околу цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За нив динамит немало.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, како трезвен реалист, тој веднаш побарал од своите другари во Бугарија по секоја цена да пронајдат друг динамит и да го испратат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Динамитот добиен преку Кочани и Велес во Солун пристигнал во февруари 1903 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога од Велес за Солун била праќана четвртата пратка динамит, на станицата било спомнато името на Гиго Шарлаганџијата, познат производител на шарлаган во Велес.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При тие услови, пренесувањето на динамит, што морало да се изврши по царскиот друм до Велес, а оттаму со железница до Солун, било навистина поврзано со непредвидливи и опасни ризици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се посомневал дека динамитот е откриен и конфискуван, а Гркот затворен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога го испративме вистинскиот мелинит, случајно се сменил лекарот во Деде-Агач и направиле нова проба - испратиле и во Цариград за проба и дознале дека е динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во прилог на неговото тврдење оди и верзијата на Борис Сарафов за исчезнувањето на динамитот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Јас ништо не знам за таа работа и со ништо не сум придонесол за исчезнувањето на било каков динамит“ - рекол тој.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе