доверлив прид.
доверливо прил.

доверлив (прид.)

Не можеа да најдат постојан, достоен, доверлив партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секретарот стана свесен за доверливоста на директивата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниротакис имаше манир на доверлив човек од еснафски ред, и секогаш кога зборуваше речиси шепотеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа го збуни, очекуваше да води доверлив разговор со некого од главите на домаќинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вака, ем на доверлива мисија, со највисокото локално и републичко и партиско раководство, ем надвор од редовите на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Очите ѝ беа чудесно спокојни, длабоко доверливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никифор знаеше колку е доверлив Цветан и не го делеше од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сакам да ти кажам нешто. Потраја малку и праша, наеднаш доверлив и срдечен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Навистина ме чуди што обично сите имаат претстава дека сум стабилна и непроменлива, а истовремено доследна и доверлива. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе