догледа (св.)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Гревот не ми се догледува. Можам сите свои коски во една ракатка да ги држам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се напрега да догледа нешто под себе, под своите нозе издолжени како на обесен човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рамна како тепсија, не ѝ се догледува крајот на оваа земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ама јас ништо не догледувам убаво, бришам ко ветар меѓу нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Едно влегле во дворот и го догледале синови му на човекот Силјана, дале радосен вик децата:
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ги најде и волнените чорапи што му ги беше сплела баба му додека уште ѝ се догледуваа плетачките игли меѓу здрвените прсти.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мали се ластовичките, слаби се. А морето помеѓу нас и Арапите ни се догледува, ни се прелетува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Одиме меѓу бараките, а крајот не се догледува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им се исправил ѕидот во очите, му нема крај, не се догледува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А чекалницата долга и широка, не се догледува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Забележавме патрола само на ридон. Но далеку беа и не нѐ догледаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој е дури онаму, не се догледува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако погледнеш надолу, не се догледува длабочината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само со оние неколку дрвја, што можеа да бидат догледани и што се чинеше дека постојано продолжуваат да се наведнуваат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)