додели св.

додели (св.)

Мојот шеф постојано ми приговара дека сум претерувал доделувајќи му слободни денови на мојот ум.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Те доделија од командата како мој шофер или не?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За да има дословно значење, реченицата мора да изразува или вистинита или лажна елементарна пропозиција, која им доделува извесна дистрибуција на вистина или лага на елементарните пропозиции.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вистинската награда и вистинските задоволства ми ги доделија читателите кои ме опсипуваа со пофалби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради тоа Антониј на градот Тесалоника му доделил статус на слободен град.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во паробродот му била доделена кабина во втора класа, која била над нивото на водата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така е кога во комисијата ќе ви доделат неписмени кадри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само, дозволи ми и јас да ти доделам нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога после војната Бојс се врати во Клеве беше одликуван со орден со златна лента која се доделувала на ранети, поради тешките рани што ги добил за време на борбите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, доколку Конференцијата имала намера Манастирот да ѝ го додели на Албанија, тоа децидно ќе го кажела Одлукава.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А и не беше Гого таков, човек и сликар, за да му додели Градското собрание еднособен проширен стан со ателје место со балкон на последниот, тавански кат од некоја новоградба, иако на младиот сликар му останаа пусти соништа париските мансарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе