долап м.

долап (м.)

Врвиме меѓу ќелиите, долапите, и кашламе за да нѐ чујат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можам место да му пронајдам. Во долапот ќе го сокријам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Затворените страници од долапот на тајните почнаа да се отвораат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Долапот на сонцето залудно ги навртува водите кон каменот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во ѕидовите направени некои долапи и внатре се ставаа ситни работи – по турски.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А рацете дур летаат и нозете се јазат кон сонцето на плодот кон семките што 'ртат долапот расте во ноќта на сништата што лазат и вика тој со гласот што чкрипи тропа и чкрта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во дрвото на гнилиот црн долап далечното детско суеверие длабееше свои тајни тунели - тоа црв дрвојад претскажуваше студ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Долго се мачев да одгатнам зошто и како се случуваше тоа секогаш кога ќе ја земев в раце древната Библија од долапот кај иконите - Библијата сама да се отвори на истата страница на која и претходно се отвораше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
II Појдов во полето долапот стар да го видам кула од кристали матица што се рои небото од штурци што пее уште по сите ридја по сите брегови на соништата мои.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мачката сето тоа време мирно си седеше врз долапчето и посматраше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Научи ме како да ѕирнам во долапот на тајните, како да не повредам никого, а да донесам вистинска одлука“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги стискав забите и пак чекорев, од гобленот до печката, од прозорецот до долапот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓувремено одеше до ноќвите, отвораше во сирникот, во долапот, паурчето со ракијата го остави на софрето, тавчето со дрвената лажица полна само го остави на перустијата во огништето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме пикнаа во еден бокс. Во некаков тесен долап, обложен со превртена кожа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе