домино (ср.)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги замислував старците со своите бескрајни партии домино, под топлите капки на вода од алиштата закачени меѓу полураспаднатите шперплочи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во домино и табла е дупла двојка, а во животот повеќекратна измама.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)