дотаму прил.

дотаму (прил.)

Клупата е веднаш под високата авлија преку која ни највисок човек не би можел да погледа преку, на улица. Дотаму е моето излегување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но совеста не ми дозволуваше да одам дотаму, да бидам пред него и пред себе лицемер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите знаеја како дошол дотаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само дотаму. После ништо не бараме од светецот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двајцата се догуша со ракија и дотаму влажни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие оделе дотаму што сметале дека, ако од политички причини не можеле да се отстранат членовите на ЦК, барем требало да се направи неможен нивниот опстанок во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, состојбата во Македонија, беше стасана дотаму, сите да почнеме да допринесуваме за да ја подобриме, не само да мислиме за личните поединечни кризи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уморни дотаму што главите им паѓаа на градите и рацете им беа како мртви во скутовите, седеа околу огнот што го беше наложил возачот и толку беа гладни што на никој не му се стануваше да донесе барем леб и некоја конзерва да стопли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Редуцирањето на базичните услови оди дотаму, што им се укинува и водата за пиење и за миење, па така цел погон е приморан да полни вода од единствената оставена чешма, која се наоѓа во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Ако сака дотаму да падне, вели, ако е дотаму дојдено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто, не се трпело веќе, Никола отишол дотаму што побарал и успеал да биде насликан дури и во црквата меѓу светците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А дотаму стигнавме и со некрофилскиот однос спрема јазикот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фукоовите класични студии за политиката на јазикот и за контрола на свеста го однесоа дотаму што тој веруваше дека човечката свест - изразена низ говор и слики, самоодредувајќи се и взаемно одредувајќи се... - е автентичен терен што го одредува човековото општествено битие...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некои се задоволуваат со тоа што ќе сменат чорапи, некои други се поамбициозни и менуваат фризура, некои го менуваат распоредот на мебелот во дневна, некои менуваат работно место, некои брачен партнер, некои одат дури дотаму што ќе се променат себеси...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога не си можел да ги совладаш на местото, или барем првиот ден, тогаш сигурно побргу од тебе ќе ги настигне некоја глутница волци и, ако се совладани дотаму, за да не можат да ѝ се спротивстават, ќе ја нахранат побргу неа, така, за кога ќе стасаш ти да можеш на наидеш на тоа место само некоја бела коска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе