дотера св.

дотера (св.)

Ќе нѐ дотера на олку, што се вели, уште да се избациме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа позајмена и преработена азбука се предава од колено на колено и со предавањето се изменува и сѐ се дотерува до својствата на јазикот на позајмувачите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И говорот е ко музиката, ми велеше Никифор, никогаш не можеш на првиот запис да го дотераш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако треба и три синора ќе заврти и пак пред пушка ќе го дотера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност тој ги препрочитува моите недоизречени искази што лично тој ги има дотерувано и сега се труди да ги престори во вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многумина од војниците преку ден нагрижливо си ги дотеруваа окопите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Секогаш имаше добар сенс како треба да се дотера за различни прилики – и формални и неформални.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко му од сликарот скоро секоја година идеше од Германија и ја доградуваше, ја дотеруваше куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секогаш пред пушка ќе го дотера зајакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На капите што вчера ни ги дадоа им сошивме црвени петокраки и ги дотеравме да не ни висат над тилот и ушите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Гледај кај нѐ дотераа, сестро златна, ќе вели Оливера Поточка, на крајот од светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги дотерам татка ѝ, брата ѝ мајка ѝ, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Навистина жалам дека не сум вешт во резбарството; немам фат за да дотерувам и да создавам форми од кои на штотуку одомените домаќинки на нашите новородени големци ќе им застанува здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се прави уште позафатена со дотерување на чаршафот врз масата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас бев против комунизмот зашто во комунизмот на власт беа едни арамолепци, едни недоквакани, ем ништо не правеле, повеќе лошо одошто добро, ем се топорат како волот дома да ми го дотерале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе