дрдорко (м.)
Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сега - ве уверувам во тоа - сите клики на дрдорковци, дилетанти и уметнички измамници ќе бидат укинати и отстранети.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Отсекогаш ме фасцинираше физичката и душевната разнообразност на пријателите на татко ми: и флегматични дебелковци, и борбени џинки, и штрклести осаменици, и кротки и црвулици, дрдорковци и молчаливци, фрустрирани интелектуалци и славољубивци, момчаци и пензионери. Факт е – сите се дружеа со него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сиот изложбен простор го претвориле во здодевен, невротичен, стар дрдорко, беше преполн со скици, карти, фотографии, белешки, кому постојано нешто му пречи.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)