дресира (св. и несв.)
Тоа дресирање на кучињата траеше со месеци.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Беше волшебник на воланот. Речиси дресиран од петмина поранешни амбасадори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се вртеше, клоцаше и клекнуваше, како дресирано куче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кучето го негува како чедо; постојано е со него: каде оди тој и него го води; му дава што е најубаво за јадење, го храни исто како што ги хранеше кучињата во Пансионот. Игра со него, го дресира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Дресирањето предизикуваше големо интересирање и љубопитство кај луѓето кои постојано одеа кај „Кучешката касарна“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој беше речиси дресиран од десетина претходни искусни југословенски дипломати и никогаш не преземаше иницијатива во разговорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога го дресира во дворот пред куќата, се собираат селаните крај оградата да го гледаат како го дресира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)