дроби (несв.)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сѐ уште и покрај делувањето на алкохолните промили се дробеше во себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе се молат и ќе колнат со исто зинување на устите. Ќе се кинат жените со војниците и само ќе дробат со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој и на сегашните јужнословенски јазици не гледа како на три целини, точно разграничени, туку како на синџир дробни наречја што се слеваат едно во друго, како што влегуваат колцата во синџирот од една страна во едното соседно, а од друга страна – во другото соседно колце.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во темницата на дождот жената методично и упорно ја дробеше пченката помеѓу плочите од лава.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Остриот чад од цигарите свиткани од дебело дробен тутун истиснува солзи и тера на кашлање.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дробејќи ги во своите муциња и гледајќи дали има уште, тие се смешкаа сѐ додека не ги надуја мешињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Исчезнуваш… Или ја дробиш врз камењата Илузијата за едно мирно небо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Удирал и ја дробел крцкавоста на главата што ненадејно брзо станувала безобличност на искинато месо, на крв и на ситни ковчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад неа, девојките со торби на рамо, по две, по три во кривиот строј, со ситен од дробат и ја мешаат прашината...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И ми се дроби срцето, ми се кинат џигерите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Земјата ни е посна и песоклива. Не ќе има што да се меле. Камења камен не дробат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Којзнае од кои села го носеше, го вареше, го сушеше, го дробеше и им го продаваше на војниците. Контрабанда.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Кој како си солел нека си срка, како си дробел, така нека си јаде.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Чу, јадрите заби дробеа јадри лешници, се забуцуваа в месо, ги мелеа отровните зборови.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Веќе сум меѓу многу народ. Во толпа која може да се разбранува така што ќе ме стегне, ќе ме исцрцори и ќе ми ги дроби коските земајќи ме низ нозе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)