дрска (несв.)
БОРИС: Безочноста дрска со глава ќе ја платиш, кај мајка ти дома жив не ќе се вратиш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во ушите му удира и ѕвони крвта. Неосетно се упатува во некаква интересна, слободна и дрска караница.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Средбата на погледите им беше дрска: Марко изразуваше сомневање а Су остануваше на своето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го затворија Дејан зад една сива врата и долго време никој не излезе оттаму освен сестрата Ката, која беше многу дрска и за која сите се сомневавме дека ни плука во супата, па затоа никој ништо не ја праша.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)