евакуација (ж.)
По неочекуваниот и брз пораз на француската војска и евакуацијата на британските сили од Денкерк, САД не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето за опстанок на Велика Британија станало прашање за опстанокот на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И додека се подготвуваше евакуацијата, стаса вест: Друштвото на народите откако добило мислење од Хашкиот суд дека спорното ”до” внесено во Протоколот за разграничување, може да се толкува двојно: и дека Манастирот влегува во состав на Албанија и дека не влегува - спорот повторно ѝ се вратил на Конференцијата на амбасадорите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Примарната тактика овде е симплификација на сложените општествени односи и воспоставување на односот содржина- евакуација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)