егоцентричен (прид.)
Вистинскиот ризик во целата ситуација е земјата да не стане заложник на познатите егоцентрични етнички програми што отсекогаш ги играле политичките лидери на земјата“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Егоцентрична река.
Упатена накај белото море
па она друго и друго
сѐ додека не се нурне
во овоземниот облик
на бескрајот
- океанот.
Реката е предолго загледана
во својот крај - уточиштето
премногу втренчена во
преобразбата.
Реката така чека и
го дебне мигот
на својата смрт
- слевањето
во другиот.
Од идентитетот ѝ останува
само морската
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Најрешителен егоцентричен став, нежен хедонизам во движењата, претворањето на лицето во маска!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Егоцентрична била, па затоа и сѐ што правела се вртело околу неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)