епигон (м.)
Повеќето од нив произведуваа сопствени епигони со самозадоволство на лажни гуруа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Секој автор има само една книга во која го крие својот основен код, а во другите можеби станува епигон на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Среде наглите изблици на псевдомагија во езотеријата на нашите епигони меродавно е само уметничкото дело, тоа убедливо, значајно книжевно дело.(...)
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Професорот само станува лош човек, можеби премногу самобендисан и искомплексиран, а можеби едноставно без талент, како што работата обично стои со јаловите епигони и плагијатори.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)