есапи (св.)
Се трудеше да го апстрахира и да не го есапи многу, ама џабе.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа ќе се знае и ќе се есапи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој капар нема да се есапи во пазарот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тие официјално и не се есапеа, но морално беа тука, готови да служат на мисијата по нејзиното објективно завршување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Искрено: во чутуранга рокадата не е позната, но жена ми: вечен архитект со име и чест, директор на Заводот за урбанизам, пред годините на климаксот крк-трт време по турско есапење, ќесебашија, лока на влажната сенка што трепери низ омарнината и удира на рокада: Колку ми ја извалкале постелата?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога Крсте два дена пред пазарот ѝ кажа оти татко му од десет лири не може да му даде повеќе, таа стана, отиде во земникот и му изнесе дваесет наполеони и пет лири и му ги врза (во едно крпче: — Земи, сторите арч со стрико ти Трајко, та за враќање — бидите живи, со Толето ќе се есапите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, Игор Лозински, беше, како биолог и медицинар, картезијански внесен во проуџбите на живите организми во Езерото и реката, па Татко стравуваше да му ги изнесе до крај своите сознајби, за тој да не го есапи за занесен лаик.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како да го објаснам тој полет во движењето рано наутро, кога сѐ што шушка, капе и тренира нерви одеднаш не го есапам, како да го нема. Бог ги замеша прстите?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие таму немаат ни шифра, а ниту големи обврски. Државата многу не есапи на нив...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постојано му се смешкаше на Здравета, но овој не го есапеше ни 2,14 посто.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мислиш ако е брзо не ти се есапи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)