есперанто ср.

есперанто (ср.)

Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Проблемот на балканските недоразбирања се поставува на глобално ниво: се говори тука и за стремежот да се создаде еден јазик за целото човештво, па, да речеме, се тематизира епизодата (а може и многу да се научи од неа) со обидите за создавањето на есперанто.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако добро те разбрав: јазикот есперанто или кој било прифатен вештачки јазик би бил јаничарски поставен кон другите природни јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Значи, јазикот есперанто сака да им се наложи авторитарно и доминаторски на природните јазици сателити!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Врати се, мора да го најдеме нашиот заеднички јазик кој веќе не е ни нашки, ни странски, ни кинески, ни есперанто (затоа ли го губиме). Тоа е значи јазикот на глувите.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во полемиката Фаик Коница постојано го употребувал псевдонимот Транк Спироберг, не само за да го затскрие парцијалниот интерес на својот албански јазик туку и за да влезе во рамноправна полемика со тогашни француски лингвисти со меѓународен авторитет какви што биле д-р Фруктје, приврзаник на есперантото, д-р Фово де Курмел, приврзаник на синиот јазик, Жак Тасе, застапник на тезата латинскиот да биде одреден за меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, патриотите (авторите на есперантото), во доминација на идејата за туѓ жив јазик, секогаш ја бараат својата антимакедонска содржина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
91. Трговските марки на производи: а) Пијалаци: фанта, спрајт, кока-кола, пепси, скопско, златен даб, амстел, туборг, темјаника, александрија, џони вокер, чивас. б) Марки на автомобили и нивни модели: форд, тојота, опел, голф, порше, мицубиши, дачија, астра, фиеста, приус, поло, карера, колт, логан. в) Бела и друга техника: панасоник (телевизор), филипс (миксер), самсунг (фрижидер), сони (засилувач), беко (машина за миење садови), нео (тостер), горење (машина за перење алишта). г) Производи за широка потрошувачка: нивеа, бенетон, конверс, адидас, најки, армани-кошула.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)