желка ж.

желка (ж.)

Ете и желката стаса, Јас ќе сум принцеза од прва класа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ја извади желката и со прстот милозливо ја заскокотка по вратот и нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја кријам главата ко желка под корупка и си липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Желките бавно живеат, вели тој. Можеби тоа ги прави и долговечни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Една желка се вози на потсушената трева над реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ти пукаат ушните тапанчиња, им пукаат јајцата на желките и на птиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па тие јадат желки и ежови, вели и го собира носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А потоа, откако нѐ изреди сите нас со радосниот поглед, додаде: Велат дека желките долго живеат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така аскетскиот арсенал на тие парадокси, забележан во старите елејски учења и одредени во схоластичките примери за Ахил и желката и Лакот и стрелата, денес можеме да го збогатиме и со новиот технолошки пример...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се женело ли дете од десет години, желки по меот да му лазат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој молчеше загледан во желките и жабите што лазеа бегајќи подалеку од казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе