женски (прид.)

Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Женски глас се смее: Ајде ... ајде ... добра ноќ ... утре пак ќе се видиме ... Машки глас (тажно): Добра ноќ.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Ги оставивме пљачките и се вративме кај оградата што ги дели машкиот и женскиот логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Женски ценовник Колку вреди една нога ако две во денот поминуваат 5000 чекори, вешто сокривајќи ги отоците на зглобовите со чорап која стега повеќе од лонгета?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А не беше ни способен да ја разбереш деликатноста на женското срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој женски ред-занаети со сновалка ѝ даде и тоа беше негов дар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурно од топлината пак ни се врати женската потреба за чистење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и порано а и сега сум сигурен дека престојувањето на партизаните во нашата куќа не е измислена приказна и обично женско озборување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам оти неа ја имам составено од сите оние нејасно промолвени зборови на Семјон што ќе ги изречеше од невнимание а понекогаш и намерно за да ја задоволи барем делумно мојата женска љубопитност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според влијанието врз женскиот род или според алкохолниот код?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова е прво нивно повинување на женска наредба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку ли сме го изминале нашиот женски логор?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе