заака (св.)
Беа во дневната соба на нејзиниот стан и ментално се приготвуваа да излезат да заакаат некаде по Манастираки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се излажа. Наместо тоа, Јани заака во некои улички, влезе во некој сообраќаен метеж во кој секој час колите застануваа да чекаат една зад друга.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Си велев, мало место, заакано меѓу ридјата, никому не му правело впечаток и никој не осетил потреба да го слика.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)