забавен прид.

забавен (прид.)

Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тонам во магла и имам забавени движења.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го пречекавме со срдечно добредојде; оти тој човек колку што беше достоен за презир, барем половина од тоа беше и забавен, а освен тоа и со години го немавме видено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Талкаше некое време низ логорот во потрага по кафе и по доручекот дојде до една од оние нагли одлуки кои подоцна се забавни за разгледување.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Винстон погледна низ ливадата зад грмушките и доживеа необичен, забавен шок на препознавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На платното ништо не се случуваше. Постојано нешто разговараа, никој со никого не се степа, никој не направи ништо смешно, филмот не беше ни малку страшен, ниту пак забавен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
За мене овие навестувања на промени се депримирачки, но едновремено забавни - во најмала мера за да се спекулира околу нив.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
14 Започна запишувањето на зимување во Детското одмаралиште кај Берово: цена 3500 денари - а во аранжманот се внесени следниве услуги: превоз со автобус од Скопје до објектот и обратно, седум полни пансиони со четири оброци, здравствена заштита , организиран културно -забавен и рекреативен -спортски живот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ете затоа, нашите политичари кога ќе сфатат дека го осиромашуваат јазикот со зборови што немаат значење, бараат поткрепа кај личности: меѓу политичарите од странските политички сцени, меѓу нашите неимари на уметноста (интерпретатори на народна, забавна и класична музика), меѓу луѓето од спортот (голгетери, кош забивачи и др).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние пак, ќе се утешевме со славната сентенца која што често се користи кога некој вечен студент ќе дипломира: Ако е забавено, само нека не е забораено.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Јас бев неодамна вратена од Лондон, и таму со Ивана цел еден ден, од утро до вечер, поминавме во еден забавен парк полн со најлудите и најстрашните тобогани, возови, лулашки и разни други чуда, што ни во Евродизниленд во Париз ги немаше, па рингишпилот не ми беше никаков предизвик.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најзабавен на Еда му беше Глувиот, Марко Кравата, еден провинциски бистар мангуп од Гевгелија кого војниците го завикаа Глувиот затоа што тој симулираше дека е глув.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе