забере (св.)
Некои деца ги забираат последните пашита со обесени ѕвончиња на вратот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Козарите ги забираат козите и ги бркаат подалеку од нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш некогаш дојдоа и селските говеда, со кои оној акаше по планините, забирајќи ги од средсело уште веднаш по кревањето на росата и враќајќи ги во вечерите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ме забраа да ме носат во Костур. На посигурно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги забирам нозете под мене и трчам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Нивната извидница и стража предвреме нѐ откри и нѐ забраа со камења низ потокот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Секаде е водено. Почини така и пак забери го патот пред себе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Над нас се забира мушамата, церадата и ни ги отскрива главите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А надвор сѐ што може да оди, да мрда се забрало по војниците, по арапите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Донесоа штици, талпи. Ги потпреа на камионот и ги забраа да ги туркаат другарите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И некој силен пламен ми се накрена. Ми го забра, ми го забради лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обично се забираше со некоја тајфа ѕидари, ако беше тоа пролети, или пак со некоја група дуќанџии, есени, и пак заминуваше по светот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нѐ забраа вака, ко вие што ги терате овцине.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека манастирскиот измеќар и некој од калуѓерите збутани до вреќите со погачи и до ќуповите со вино, викаа по него да легне долу, тој сѐ повеќе и повеќе се исправаше и го виде ројот дечишта забрани од јаничарите во заеднички синџир, а веднаш по нив и коњските газови, мазни и светливи како килими.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Трчаш низ буките, откопуваш со нозете камења и скапано лисје, ги забираш, ги корнеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Сите пилишта личат на пилишта, вели Јон, сите пилишта се пилишта, вели иако различно се викаат, вели и ја крева мотиката, тргнува нов ред да забере. Јас одам по него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Конференцијата ќе се одржи во ,Баљшој театар" и јас и Оливера уште в зори се забравме да чекаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)