забрмчи (св.)
Во тој момент во воздухот забрмче една зелена мува и прелета покрај Врапчо.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Малата градина забрмче со своите скриени, чувствителни тркалца и се придвижи; малите човечиња одеа низ шумата, трчаа преку сончевите лединки, облечени во убаво, сјајно крзно, а среде ситните дрвја лебдеа кусите делови на песната од височините и блескавите, модри и жолти бои што летаа. 35
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога низ Виена забрмчеа првите автомобили, на брат ми, кој одбиваше да научи да вози, му рече полу во шега, полу – сериозно: „Мој златен Зиги, купи ми автомобил, јас ќе научам да возам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Наместо на сопирачката, таксистот стиснува на гасот, возилото забрмчува уште педесетина метри, додека не запре со нагло кочење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Што му е на овој – забрмчи дотичниот, односно Апчо.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Пих, проклетник! - мавна со раката Аргир, по комарецот што му забрмчи под увото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)