забуна (ж.)
Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Другарката Басотова смета дека станува збор за забуна, или обично препознавање, или пак само намера да се оцрни името на наш виден учесник во војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оваа шмизла која се наоѓа на неколку метра подоле од духовната „шмизла“ Мајка Тереза можеби ќе внесе малку забуна кај минувачите, но, сепак, тие знаат за што да се одлучат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Гоце го забележа тоа. За да ја скрие забуната, господски им со поклони и се поздрави.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа се гледа и од семантиката на првиот исказ: авторот ја користи двосмисленоста на синтагмата „вистински расказ“ поврзувајќи го со зборот „вистинит“ со намера да создаде забуна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Спасија ја виде неговата забуна, но не разбра одошто е.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Колку да нема забуна, тој е истиот кој сега има биста пред Синдикатот во Битола, а под неа букет свежо цвеќе во пластична чаша од Скопско.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)