забучи (св.)
Ти забучил некој воздушен притисок и туку ти олцнала земјата под нозе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Повторно ми забуче гласот што ми се јавуваше во возот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш јас така, му грлев кошулче на Ангелета, и само што го засеков платното туку ми свирнаа во ушите, ми забучија во главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И наеднаш нешто забучи, се скина народот ко вода, почна да се урева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после забучи, се разбранува толпата, ништо не се разодбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во Маказар ќе потече вода, реков гласно пред себе си, ќе се урне надолу, ќе забучи со сета сила и, белким, еднаш за секогаш, ќе го облагороди овој маказаречки недоверлив и дрзок свет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе разлистиш ти, не плаши се, само нека забучат јужните ветрови...“
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)