завие (св.)
Организацијата беше и е завиена во тајна, така што долните нејзини членови се слепи орудија за исполнување само на работи диктирани од горни причини и интерес.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се завив убаво со дебелата гуна за да ги згреам намокрените плеќи.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тоа и од таму, и од небото дебнеше остриот месец со своето гладно око, готов секој миг да ја исправи муцката и да завие по снежната штамовна дивина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето кон елакот каде што седеа Борисовци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Клетви и пцовки се вртат околу црвот на стравот со надеж дека ќе може да го завие или истисне од себе за да направи пат да се појави тој непрокопсаник, нејзиниот Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Зар може да ѝ се прости на мајката на Исус Христос што дозволи на својот голем ден да се случи толкаво големо зло за да завие цело едно село во црно?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
АНЃЕЛЕ: Не џанам... Ами мајка ми кога ме роди прво на вакво столе ме стави да ме завие, да не ме става на земја.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Наеднаш прелетува лиљак. Злогласно, грозничаво зави був.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што е тоа што ја зави Македонија во таа магична пајажина? Како да се извлечеме од неа?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Колку наивни ги завија семејствата во црно.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој само зави малку посилно, за'ржа, насетувајќи го сето она, што можеше да му се случи, но тој и го стори сето тоа сепак упорно продолжувајќи да останува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таму ќе се згрнат децата, та иако заспие некое — нема штета, послано му е, ќе го завијат со некое куне и ќе си помине како секоја ноќ.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гледам, се завил над него еден облак... Голем, голем, темен, градобитен...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Друг некој бил тој, убиениот. Друга мајка во црно ќе завиеја. Нека им е простено од мене.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Кажете ми, пилиња не пораснати , зошто завивте гнездо на престарена гранка?“ им се обрати при првата посета нивниот пријател, архитектот Божинов.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)