завиен (прид.)
Значи, ветериштата се тие што го носат островчето завиено во сивиот кожурец на своите магли.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Илона неколку пати одеше во туш -кабината и се враќаше завиена во голема розова фротирка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ЗАУЛЕН- завиен, на пример: скиите на врвот се заулени, завртени.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)