завреска (св.)
Жабите во торбите заврескаа панично. Но веднаш ги испразнивме кај оној со казанот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Болниот силно завреска, ја затресе масата, го притисна тешкиот череп врз тврдата потпирка за глава.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Моли доскокна на подот и веднаш се раздвижи. Подот завреска.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
-Па ти си жив! Гаду! - завреска тој. -Ти поганиш, значи, жив си!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)