загрне (св.)
Тој молчи и ја загрнува сѐ уште топлата печка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Овците ги тераа на пасење двајца овчари. Тие беа загрнати со големи овчарски гуни.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кој беше јунак в борба загина, мајка му беше Славеј Планина, таја го прими, прими загрна во зелената своја промена!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Овчарот, загрнат со сива гуна, истрча на патот и им свика на кучињата: - Ошт, бре! Верата ваша кучешка!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тебе никој не те зема сериозно. Со тебе веќе никој сериозно не смета. (За момент го отвора мантилот. Гола е под него. Повторно го загрнува.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)