закаже св.

закаже (св.)

Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во недела ќе одиме во Белград каде веќе е закажана веридбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше закажана и свечена седница на Парламентот за овој историски настан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во раскошно уредениот ресторан за гостите беше закажан ручек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа фати такси кон едниот крај на градот, а тој тргна пеш кон спротивниот - дури не си ни закажаа следна средба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали смртта си ја закажале преку некое парче момирок или по некој друг пат, што се вели, по друг телефон.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По малку пристигна и очекуваниот познат париски астрофизичар д-р Сотир Паскали од Париската опсерваторија со кого претходно Камилски беше во преписка во врска со неговиот престој во Париз и посебно за закажувањето на операцијата на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето брзо поминуваше. Свадбата се закажа на средината на октомври.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
4.  По приемот на тужбата се вршат подготовки за главна расправа. Овие подготовки опфаќаат: претходно испитување на тужбата, доставување на тужбата до тужениот на одговор, одржување на подготвително рочиште и закажување на главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ружите во Розино оваа година процутеа десетина дена порано и затоа празникот на ружите, се закажа порано за 29 мај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април.  Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Акцијата ја закажаа за во девет часот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Му закажаа на Змејко дата за тргнување на 17 август.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Она што е заведено во бележникот на секретарката на другарот Јаким Ниновски дека состанокот помеѓу него и другарот Јаким бил закажан за во вторникот, на 18 јуни, воопшто не држи вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ми има закажано“, рече и само помина крај него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лесно, на француски, ја шармира преку телефон секретарката на домот и закажа престој од 15 јули до 15 август.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе