заклетва ж.

заклетва (ж.)

Служителот дал набрзина заклетва и потоа отворил повеќе плочи на празни гробови и ги скрил пушките и барутот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па нели во таа вистинска заклетва и самиот се увери додека гледаше во нејзините зелени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патем речено не сум сигурен точно дали се викаше пионерска заклетва или нешто слично, и не гарантирам во врска со точноста на извадокот од неа на почетокот на текстов.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Им се дозволувало и ним да влезат во редовите на Организацијата откако претходно ќе дадат заклетва, но никој од нив не сакал да положи заклетва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оние кои што некаде кон средината на осумдесеттите даваа заклетва дека ќе бидат лојални на принципите на извидничкиот кодекс во херојското село Лавци битолско, може ќе се сетат на следново.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Меѓутоа, нашите момчиња одбиваа да го прават тоа, одбиваа да земат заклетва и да отидат да се борат на страна на некого кој ја имаше завојувано нивната татковина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А за таа наша заклетва дозна цела Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зарем не ти е доволен мојот збор, мојата заклетва пред Богородица?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако ќе добиевте црвена шамија (како што се викаше и една детска емисија на тогашното Радио Скопје), следуваше полагање на пионерска заклетва.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наредниот ден „То Вима” напиша: „Не може да не се забележи тоа што се случи во едно кајљарско село, кога во училишниот двор се собра месното население и даде заклетва да не зборува на славомакедонскиот дијалект.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Весникот „Елефтеротипија“, на 7 јули 1959 година вака напиша: „Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Или, протоколот налагаше обратно, прво заклетва па шамија, не думам, времиња се сторија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Први стихови на грчки јазик, прво писмо и реченици прости, крај старец учен, со завет даден под заклетва срочен: „Григоре мора да учиш!“.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Им служи подеднакво и на разумот и на чувствата, то ест претставува и соопштување и дијалог, разговор со самиот со себе, молитва, наредба и заклетва“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Селаните, повторувајќи ја збор по збор заклетвата што ја читаше блажениот митрополит, во крајно трогателна атмосфера, се заколнаа, секој дигајќи ја својата десна рака.”
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе