закрвави св.

закрвави (св.)

Седејќи така, телото се редуцира во екстремитетите, а трупот ослабува и закржлавува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се заврте лево и десно, го погледна вџашениот и нем народ и очите уште толку му закрвавеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Марш, скоту еден, вика, му се закрвавуваат непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Е, ај, ќе се стидам, вели лиферантот, а Гојко сега уште повеќе се разлутува, ги закрвавува очите и вика: - Марш, џукеле, вика, напоље, лопуже, говно вам ваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Селаните од Горно Долно маало на с. Ошево меѓусебно се степале, се закрвавиле, уште крв што не паднало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)