закрепи (св.)
Опшноста во судбините наши ни го закрепи општото име Бугари уште до ослободувањето на Бугарија, коешто си остана по традиција во Македонија и по ослободувањето на првата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа ќе почнело да се збира народ и се чудел народот од кај свири гајда, оти Јоше бил скриен во гранките од тополата и меѓу нив се закрепувал за да не падне одозгора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Немаш раце да се закрепиш, да го ублажиш паѓањето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе те туркам и ќе те закрепувам, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нема за што да се фатиш, да се закрепиш. Мислиш сѐ е без потпора, без задршка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со нозете се закрепувал, а со рацете свирел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама мракот ме закрепува. Да не е мракот, си мислам, дека ќе паднам од некаде, ќе пропаднам некаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само ги стегам забите и лазам, се влечкам, се закрепувам на камчињата, на мракот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас стојам така, одвај ја крепам, ја закрепувам, а таа ми плаче на рамена. Истура солзи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По дрвјата скокаат верверици и, заедно со гранките, се превиткуваат, се закрепуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај нѐ доведоа, господе, вели Оливера Поточка и се држи за Манол Форевски, се закрепува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почнува борба. — Ти само оди напред, ѝ велам на Оливера, а јас ќе те закрепувам одзади.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Митрејце, дај мори да се напиеме од ракијата, да се закрепиме малку.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Јас дури сега почнував да ја признавам за себе правата цена на неговата
личност, и ништо од порано - ниту она големо залагање да ни ја предаде скаутската теорија, ниту вештината да ги примени тие знаења на самиот терен - не можеа да го закрепат во мои очи неговиот авторитет така, како оваа согласност да ме води кај воспитачот. пред кого сам не се решував да стапам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)