закрпи (св.)
- Сам ќе си ги закрпам. - Не можеш ти. Јас ќе ти ги закрпам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ми ја исчистиле раната, ми ја закрпиле и ногата ми ја ставиле во гипс.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да ми дадеш сол и да ми го закрпиш самарчево!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Барем циганите ќе закрпат некоја дупка и ќе кснат месо од дилот и продажбата на дотичната шмизла.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И го прашуваме Огнена Ѓорго, дали има нешто за перење, за позакрпување. Знаеме дека е без домаќинка човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Е, добарден, де, или доброутро. Јас се заплаши да не ме закрпе кучката, та се заборави и доброутро да реча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ме пратија Горјан и Огнен - почна да објаснува Трајче - да ти ги донесам дрвата, да ми дадеш сол и да ми го закрпиш самарчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ги растоварија дрвата и Тале рече: „Дури да го закрпам самарчето, ќе ручаш и ќе си починиш.“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Не сум за дома, вели, немам вечера закрпено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Многу да ги поздравиш Горјана и Огнена и да им речеш: „Чичко Тале ми го закрпи самарчето и ми рече пак да му донесам дрва.“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Утре ќе ти го дадам првиот доказ“, прошепоте мојот штитеник и борец подготвен да ја освои и закрпи старата голема држава (која и да е).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)