заложи (св.)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој знаеше дека ако вистински се заложи, не со пушки, не со бугарски тенкови, туку со упорна агитација, ситуацијата може да се среди.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ако во сиот тој метеж некој се заложи да помогне, таа помош не се прима добронамерно. Напротив. Сомничаво се одбива.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бане беше вцрвен и намрштен: Јас молчев и чувствував некаква кривица дека можеби заради мене, за кого се заложи, тој ги губи своите нови чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Разочарувањето поради залудната и сѐ поскапа војна против дрогата поттикна голем број на угледни, конзервативни личности да се заложат за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но по навестувањата за можноста од нова војна, кон крајот на триесеттите години стравот во Америка од фашизмот и од „комунистичката петта колона“ бил причина Франклин Делано Рузвелт да се заложи за поголема координација на разузнавачките оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Еден пилот, со кого спа вечерта, го заложи и златниот часовник.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)