замати (св.)
Жената стана и ја замати сончевата светлина што ни паѓаше на масата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се заматува ко истурена млечна помија и ми ги закрива очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кој ни замати извори бистри извори на души чисти?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Мора да ѝ се заматил умот од многу сакање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но во нашите разговори спомнувањето на Шефот, колку што не ги заматуваше, исто толку не ги разбиструваше работите, а тоа за сите нас беше доволно јасно и затоа никој на тоа не му придаваше особено значење.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Трга од цигарата и го заматува стаклото со чадот, со дишењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И кој пат ќе поминам по тие места, туку ќе ми се втурне нешто наеднаш оттаму, ќе ме потплаши, што се вели, ќе ми ја замати душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Па сепак, ова сомнение се јавуваше и ги заматуваше ваквите мои размисли уште пред да ги сместам на почек во одделот на можните страхувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но тоа бил само маргинален исклучок, кој не го потврдуваше инквизициското правило да се уништуваат библиотеки кои го заматуваа здравиот ум, ги дестабилизираа читателите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Стреите заплакаа, снегот смекна, се разводенеа. Надојдоа и се заматија потоците и реките.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Капкиве сѐ ми заматија. Се замагли прозорецот, исто така.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Еден филџан зејтин те моли мама да ѝ позајмиш, дека замати торта, а ни снема, па ќе ти врати до утре“, се „циганиш“ од вторите соседи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овие дни во Кралупи врнеше многу дожд и Влтава се замати.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се грози тој од пијанството, го сака само она леко заматување на погледот, кога душата почнува поживо да се чувствува сама себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Му беше добро и мислеше дека никогаш не ќе успее да се замати, а речиси имаше заборавено со кого си има работа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)