замисла ж.
замисли св.

замисла (ж.)

Ова се засновува на замислата дека постои некаква реалност таму надвор, која треба да се претстави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само се плашам од замислата за напредните вонземјани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но моите замисли одеа во прилог на државата Тунис, но кои не ги исклучуваа и моите амбиции за самодокажување, наложување, излегување од просечноста, со која бевме главно класификувани амбасадорите од малата Република Македонија во југословенската федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но оваа замисла брзо падна во вода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако создадено според според замислата и трудот на човекот, Мавровското Езеро е уште еден планински бисер, во него како во огледало се рефлектираат зелените падини и планински врвови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, од ден на ден, трагајќи по тајните на Татковата библиотека којашто го претставуваше јасно тестаментот за семејството за идните времиња на Балканот, разбрав дека беше неостварлива замислата да се пишува за Татко без Мајкиното полвековно присуство во неговиот живот…
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие замисли водат кон разни изненадувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нели е убава замислата? Сега сакам прво баба ми да ми позира.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Замислата за формирање на Балкански сојуз ја подржувала Русија која на тој начин настојувала да го оневозможи германското продирање на Балканот, мореузите и Блискиот Исток.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги отфрли овие безобразни замисли и се задржува на една безопасна: ѝ го става дињчето под мишка, токму под носот - неговиот медовен мирис мора да ја разбуди со млечна насмевка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За оваа Таткова потрага и замисла, која логично можеше да се сети и за метафизичка илузија, Климент Камилски покажуваше големо разбирање уште од почетокот, за на крајот да стане и нејзин дискретен поборник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради тоа, тој се обратил до Форин офис, со цел истиот да се ангажира околу проверката на веродостојноста на тие гласови и да направи анализа "за начинот на кој Советската влада" ќе ја спроведе својата замисла.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во таа смисла убаво вели Кристијансен (Christijansen): “крајната цел на уметничката замисла не е да ги забавува нашите сетила.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Внимание привлекува експонатот што ги прикажува идните патишта, според замислата на Германците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе