занаетчиство (ср.)
Тие сметале дека пропаѓањето на занаетчиството и трговијата, чифлигарството и ограбувањето на селаните, со еден збор сите неволји од било каков карактер, се должат на фактот дека земјата се наоѓала под османското владеење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Чаршијата за половина час заличила на пустина. Занаетчиството и трговијата престанале да функционираат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како изгледала таа криза, и пропаѓањето на занаетчиството, трговијата и воопшто на македонското градско и селско стопанство конкретно може да се види и врз примерот на Велес.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имено, додека ЗИТ (1985) предвидуваше инспекцијата да се врши најмалку еднаш годишно кај сите организации и работодавци (чл. 10), во 1997 година е прецизирано дека овој рок се однесува на работодавците во областа на индустријата, трговијата, градежништвото, земјоделството, шумарството, сообраќајот, комуналните дејности, занаетчиството, угостителството и во училишните и факултетските работилници и лаборатории за практична настава.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На крајот од овој век, меѓутоа, сведоци сме на спротивни тврдења: Пол Фаерабенд и други се залагаат за „науката како уметност”, а задачите на дизајнот - којшто, како и некогаш, претставува уметнички момент внатре во занаетчиството, односно индустријата - стануваат сѐ пообемни и поприсутни.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со текот на времето, особено кон крајот на XIX век, занаетчиството започнува да стагнира поради индустриските производи кои се нуделе по поволни цени и асортиман.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)