заниша св.

заниша (св.)

Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Луѓе мои, се колнам, тоа беше мајка, вистинска мајка, видовме како рацете на татенцето попуштија, се занишаа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја засеков гранката, се заниша таа и од тежината на моето тело почна да се ведне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се заниша на невидливата нишка и продолжи со нечуен глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Да живеат сите ножови на светот!“ се сети и се заниша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја сфати неговата благост и ја заниша главата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми се занишува снагата ко удрено дрво со секира. И само барам нешто да се потпрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со неговите заби на нејзината брадавица и топлите усни околу неа, брадата и мустаќите што ја грепкаа по дојката која одеднаш ѝ се чинеше набрекната во неговата дланка, таа се заниша наназад, но тој ја задржа со другата рака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали беше кивнал и го занишал дрвото?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор ќе грмне и ѕидовите од пештерата ќе се занишаат како огулена слабина од животно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така самата со себеси ќе си отворам разговор, кога ќе бувне некој посилен топ, кога ќе се заниша куќава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ја кренав главата и видов една ѕвезда што се заниша и што падна од небото над манастирот. Каде што падна и отец Висарион. 21
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слушам така и на секој збор потрепнувам, целата ќе се занишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни држеа говори, други командуваа, а некои само ќе се занишаат и ќе паднат ко клада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе