запише (св.)
Таму ми ги видоа документите и запишаа што требаше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мислам сѐ ми запишува со очите: сркањето, џвакањето, голтањето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
(Можеме да си ја замислиме зачуденоста во неговата насмевка додека ги запишувал овие редови).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ние сме народ чија адреса е запишана во Библијата.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во лавиринтската тепсија на баклавата ќе бидат запишани многу горчливи страници на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Два дена подоцна запишано е и ова Сабајлето станав уште во три саатот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На него беше пречкртната адресата на затворот и запишано само дека е ослободен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Добро. А сега, другари, името на дружината ќе го запишеме на дрвово.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вистина е само она што е запишано на вратата на крајот од ходникот. А ходникот завршува во северното крило на приземјето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Ја знам, стара сум за пеење, ама можеш да ја запишеш, јас ќе ти ја раскажам. - Да, може, сега ќе запишувам... ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ќе играме брза географија запишувајќи ги соништата класифицирани во табелите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се запишав веќе во шесто одделение и бидејќи бев висока по раст ми се чинеше кој знае колку сум голема.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Рецепционерот го виде Камилски без митското куферче, му се виде како друг човек и нешто запишуваше без да го покаже изненадувањето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Елена беше изненадена од некои свои дотогаш непознати размислувања и чувства, па од страв да не ги заборави, да не ги изгуби почна да си ги запишува во својот дневник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)