заседне (св.)
Ќе заседне во некоја биртија и по трипати ќе се менува во денот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мртвиот си ги потсоберува рацете и еден дел од небото како пепел му налегнува на лицето, му заседнува на образите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Заседнале во ендекот затскриени од клениките и повитот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Попладнето заседнавме по троседот и фотељите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А од полето дотекуваа разни бои, се разлеваа по нивите и по ливадите, се искачуваа по стеблата, заседнуваа на нови височини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечерта одам на меана, да видам да не заседнал таму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кај ќе застанеше, таму ќе го засмрдеше местото, Како некоја болест да заседнуваше, Секој двајца со него тројца стануваа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гратче како и многу други, заседнато во подножјето на планината, така како што слегувале луѓето од селата и се запреле онаму каде што почнувало полето - токму како сточари што се спрепнале да станат орачи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
XIX. Сега беше пак неговиот јужен ветер и Змејко можеше просто да го види од својот прозорец него како заседнува над целиот свет и над Белата Долина, завладувајќи го со своите топли здивови до безостаток целиот ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одиме, се искачуваме, а една летна тишина заседнала: ни штурче да се јави, ни пиле да првне, да писне од некаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Излезе Мефаил ефенди уште пред Ѓурѓовден со својот гаваз — суваријата Рифата и со недели заседна по мариовските села да врши работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А есено време, што се вели, и студот е секаде заседнат. Отсекаде каса.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа заседнуваше во Визбата на Тиквеш, на аголот на ул.Карл Маркс и булеварот ЈНА, кај Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)